👉 Нашите ученици, 20ти ноември – Светскиот ден на детето, го одбележаа со активности преку кои уште еднаш ја истакнаа својата креативност и стекнато знаење за заштитата на правата и слободите на децата 🧑👩‍🦰

👍 Испишаа делови од Конвенцијата за правата на детето и на сликовен начин ги прикажаа некои од најзначајните права и слободи и ги истакнаа на паноата во холот за да можат и најмладите ученици да разберат за нив. Активноста беше на иницијатива на Ученичкиот парламент од нашето училиште👏💫🌼

Детски културен центар „Карпош“ – Скопје

Натпреварувачи на денешната Ученичка квизотека беа учениците од основните училишта:

ООУ „Дане Крапчев“-Гази Баба

ООУ „ Љубен Лапе“-Аеродром

ООУ „Димитар Беровски“-Ѓорче Петров

ООУ „Војдан Чернодрински“-Карпош

Продолжуваме понатаму!

🍀 Првиот круг од Ученичка квизотека го заокружуваме како победници 👏

💫 Продолжуваме понатаму, во нови предизвици, со поголеми успеси 🎯

🎭 Мала театарска група, еден дел од Драмската секција, повторно на проби и повторно ни подготвуваат нови, интересни случувања 🎊

👉 Оваа објава им ја посветуваме токму на нив и на прекрасната драматизација на познатиот “Ο Αρματωλός” на Григор Прличев👏

💫 Преку сликите ќе го слушнеме плачот низ Река, зборовите на храбрата Неда, почитта на Гегите кон Кузмана – Сердарот, љубовта на народот и неговата вереница кон јунакот. Ќе го видиме и Македонскиот Хомер како на едно ритче во Галичник ја запишува преубавата поема…

🔛 Честитки за учениците и наставничката Менка Стојановска – ментор на Драмската секција во нашето училиште🌼

➡️ 13ти ноември, 1944 година – Ден на ослободувањето на Скопје 🍀

↔️ Денес со учениците пригодно го одбележавме празникот, со многу активности посветени на Скопје – нашето катче, нашиот дом, Главниот град на нашата татковина 💐

🤝 Четвртооделенците од основните училишта „Љубен Лапе“ и ,,Димитар Македонски” на средба со градоначалникот Тимчо Муцунски ја имаа можноста да учат за тоа како функционира локалната самоуправа.

🗣 Тие зборуваа за надлежностите на градоначалникот и на Општината, за правата кои ги имаат во заедницата во која живеат, растат и се образуваат, како и за тоа колку е важно сите заедно да се грижиме и да ја чуваме животната средина, а дечињата ги пренесоа и своите инспиративни идеи за создавање на уште подобар Аеродром.

📈 Градоначалникот одговори на сите нивни интересни прашања, ги посоветува да бидат добри ученици и им вети дека Општина Аеродром ќе продолжи да создава подобри услови во кои тие ќе можат да се образуваат квалитетно, но и да имаат безгрижно и весело детство.

🔛 МАКИНОВА 2022 – Меѓународна изложба за иновации, пронајдоци, патенти, дизајн, идеа, нови производи и технологии, истражувачки проекти и младинско творештво која по повод Денот на науката оваа година се одржа во Дом на АРМ. Манифестиацијата МАКИНОВА е место каде македонските иноватори треадиционално ги презентираат своите производи.

🎯 Оваа година нашето училиште го претстави Калин Петрушевски од 7¹ со својот наставник-ментор, Светланка Арсеновска, во делот Роботика.

🎉Бонбонматот на Калин финкционира така што според бојата на жетонот дава соодветен број на бонбони 🍭

Преполн штанд со многу заинтересирани за бонбонматот, а ние сите заеднички посакуваме и го очекуваме бонбонматот да биде поставен во училиштето за многу слатки задоволства 🍬🍭🍬

🏆Месец ноември го започнавме со освојување на 🥇прво место🥇 на меѓуопштинскиот натпревар во одбојка за девојчиња, кој се одигра во С.Ц. „Форца“, по повод одбележување на годишнината на Општина Карпош, на 1 и 2.11.2022 год.

👏Честитки за учничките и нивните ментори – наставниците по Физичко и здравствено образование, Даниела Маневска и Бранко Митиќ 🤼‍♀️🏃‍♀️

🎯 Продолжуваме, работејќи посветено да чeкориме кон нови победи 🎉

📚Во текот на вчерашниот ден, во рамки на “Месецот на книгата” во организација на училишната библиотека нашето училиште го посети авторот на многубројните дела за деца и млади, г-нот Горјан Петревски🍀

👉 Говоревме за неговата младост, љубовта кон пишаниот збор, но и кон фудбалот – отворивме многу теми за искрената љубов, вистинските пријателства, младешките авантури и за прекрасните предели кои ги опишува во своите книги, за неговата родна Мренога, па и за разликите во начинот на кој растеле неговите генерации и сегашните.

💫 На крајот од нашата средба авторот потпиша многу книги, а учениците со себе понесоа убав спомен и уште поубави пораки искрено посветени лично за нив❣

👏 Благодарност до сите ученици за учеството, имавме претставници од литературната, драмската, новинарската, ликовната, музичката, фотографската и библиотекарската секција, кои секој во својот домен ја збогатија оваа едночасовна средба🌼📚🌼

➡️ Претставници од сите паралелки во 8мо и 9то одделение, заедно со наставничките по историја, Марија Новеска и Андријана Савевска, го посетија Музејот на македонската борба.

🗿⚱Учениците беа учесници во едукативната – креативна работилница со наслов: “ЗАМИСЛИ ГО ЖИВОТОТ ВО МИНАТОТО”.

✅ Работилницата се состоеше од два дела.Првиот дел – запознавање со предметите и начинот на живеење на нашите предци во минатото во етно куќичката во музејската поставка. Во вториот дел пак, преку дружба и забава учениците ја покажаа својата креативност и знаење.

💫 Заеднички растеме, учиме за минатото, и се радуваме на сегашноста и се подготвуваме за иднината🍀

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com