Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Социјалните медиуми во училница и превенција на меѓуврсничко насилство (Social Media in the Classroom and Prevention of Bullying), “ во периодот од 30 август до 3 септември 2021 година беше реализирана мобилност за обука на наставници во Верона, Италија.
Тема на обуката беше ,,Прифаќање на различноста, превенција на малтретирање и насилство. Учесници на обуката беа наставниците – Јасминка Костадиновска, Марина Спасовска, Александра Пешевска Митановска и директорката Марјана Панчевска.
Цели на обуката беа:
– Разликување на конфликти и малтретирање, користење на стратегии за спречување и управување со истите
– Идентификување на начини за справување со конфликти особено справување со меѓуученичкото насилство;
– Разбирање на техниките што се користат за развој на емоционална и социјална интелигенција на учениците
– Подлабоко разбирање на стереотипи и дискриминација
– Подобрување на процесите на настава и учење со добри меѓучовечки односи
– Подобрување на работа во тим со колеги и зајакнување на тимската работа во училница