Во рамките на Еразмус+ КА101 проектот „Социјалните медиуми во училница и превенција на меѓуврсничко насилство (Social Media in the Classroom and Prevention of Bullying), “ во периодот од 13 септември до 19 септември 2021 година беше реализирана уште една мобилност за обука на наставници во Валенсија, Шпанија.

Тема на обуката беше ,,Дигиталните медиуми: Училница на иднината. Учесници на обуката беа наставниците – Тања Атанасова, Сања Станисавоцска, Јасминка Костадиновска, и директорката Марјана Панчевска.

Цели на обуката беа:

– Запознавање со општите теории за технологијата и социјалните медиуми

– Спознавање на најопасните последици од технологијата во нашите животи, – вклучително и сајбер- малтретирање и зависности од технологија

– Што значи да се биде тинејџер во дигиталната ера

– Позитивните аспекти на социјалните медиуми во нашата училница и да го зајакнеме ангажманот на улениците и комуникацијата со нив, фокусирајќи се на 3 категории социјални медиуми: управување со училница, видео лекции и квизови.

– Како учениците можат позитивно да ја користат технологијата во нивниот приватен живот, да го разберат светот и да ги изразат своите таленти.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com