25.03.2024

🌼 Според календарот на Обединетите нации, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет‼️#Светскиденнаводата

💦 Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена 🌍 #pureenvirement

📌 За да може да се справи општеството со кризата за вода и да го овозможи правото на вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење 🍀

👉 Нашите ученици, заедно со своите наставници го одбележаа овој значаен датум и со цел за подигнување на свеста за овој проблем своите пораки ги поделија на учениците и вработените во училиштето #worldwaterday2024

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com