02.09.2023

🖍 Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме, за првиот училишен ден да го направиме весел, распеан и насмеан, а на првачињата да им посакаме најтопло добредојде во нашиот заеднички дом – нашето сакано училиште 🏫🍀

💐Директорката на училиштето, Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за довербата и привилегијата – токму нашето училиште да ги воведе дечињата во светот на знаењето, другарувањето со книгата и растењето рака под рака со наставниците и другарчињата❣️

🌿🌼 На крај сите во еден глас посакавме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на уште едно заедничко патување, а во следните фотографии се содржи мал дел од нашиот труд, сплотеност и забава 📚🎒#backtoschool#welcome#learning#friendship#unity🏫

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com