04.09.2023

📌 Професионалниот развој на наставниците, стручните соработници и директорот е клучна компонента за создавање ефективен воспитно – образовен процес, а квалитетот пак на работата на просветните работници се заснова на професионалните компетенции што треба да ги поседуваат.

🔛 Планирањето на личниот професионален развој првенствено е засновано врз согледувањето на потребите за подобрување на професионалните компетенции – произлезени од докази и сознанија за тоа колку успешно се реализира наставата.

🎯 Со цел изготвување на квалитетен план за професионален развој – координаторот на Тимот за професионален развој, колешката Милка Тримчевска на 30ти август, одржа обука за наставниците, стручните соработници и директорот на тема: ,, Изготвување на личен план за професионален развој” ✨️

🔝Во нашето училиште секогаш највисоката цел се учениците и квалитетната настава – овој пат тоа повторно се потврди со одличниот интерес за самата обука.

Благодарност до колешката за успешната реализација на обуката, но и за соработката и посветеноста во процесот на професионалниот развој на воспитно – образовните работници во училиштето 👏

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com