08.11.2023

🎶 Искрени честитки за колешката Жанета Дивјакоска Донева – Наставник по Музичко образование во нашето училиште. Посакуваме уште поголеми успеси во иднина. 👏🎶

——————————————————————————————————–

Градоначалникот Муцунски додели признанија за најдобрите просветни работници, паричните средства ќе бидат донирани за Леонид Индов

🥇 Утрово во Општина Аеродром, се одржа свечен настан на кој градоначалникот Тимчо Муцунски им ги врачи признанијата на најдобрите просветни работници од основните училишта во Аеродром за учебната 2022/23 година.

🤝 Признанијата се доделуваат врз основа на претходно утврдени критериуми, на наставниците од сите основни училишта, кои во својата работа покажале посветеност, иницијатива и успех во работата со најмладите.

🙌 Станува збор за важно достигнување кое се доделува на најдобрите наставници од секое основно училиште, а уште поважно е што сите средства од страна на наставниците ќе бидат во целост донирани за лекување на младиот Леонид Индов од Аеродром.

👉 Искрена благодарност и честитки за успехот за наставниците од следните основни училишта:

– ООУ „Гоце Делчев“ – Јасмина Ѓорѓевска

– ООУ „Блаже Конески“ – Јоана Николиќ

– ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ – Љубинка Стојановска

– ООУ „Димитар Македонски“ – Оливија Жежова

– ООУ „Александар Македонски“ – Михајло Христов

– ООУ „Браќа Миладиновци“ – Жаклина Ристовска

– ООУ „Лазо Ангеловски“ – Костадинка Поповска

– ООУ „Љубен Лапе“ – Жанета Дивјаковска.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com