09.11.2023

♻️ “Инвестираме во нашата планета, рециклираме”, проект – работилница која во изминатите два дена претставници на компанијата “Макстил” ја реализираа со учениците и наставниците од Активот на 4️⃣одд.

👉 Вработените од Секторот за заштита на животната средина од “Макстил” преку интерактивен метод и со показни средства им објаснија на учениците за процесот на загадување со пластика, хартија и стакло, важноста на рециклирањето, процесот на рециклирање како и за опасностите од загадување со создадениот отпад по растителниот и животинскиот свет, а посебно за човекот.

🎯 Целта на проектот е да се пренесе знаењето за предностите од намалување на отпадот и неговото рециклирање уште од мала возраст и да се алармира за потребата од едукација за значајноста на екологијата во пошироки размери.

❣️ На крајот на работилницата учениците добија симболични подароци, а предавачите ги известија дека во тек е ликовен конкурс на тема “Рециклирање”. Се надеваме дека името на некој наш ученик ќе го пронајдеме во наградените творби #greenplanet#ekologia#recycling#RecyclingChallenge#safeenvironment

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com