Третиот проект од КА 229 Еразмус + e ,, СиСТЕМ на води “ каде координатор е Велика Британија а покрај нашето училиште други партнер училишта се Италија, Унгарија и Турција.
Во изминатиот период се одржаа онлајн состаноци со координаторите. Беа договорени активности кои ќе се спроведуваат во училиштето, како и на платформата етвининг.
На онлајн состанокот на 21 септември 2021 година беше договорено
-учениците да изработат дигитално лого за проектот
-да се отвори етвининг проект на платформата со ист наслов како и проектот – SySTEM of Water 2020, каде наставничката Јасминка Костадиновска од нашето училиште ООУ Љубен Лапе Скопје, и Rita Szekeresné BereczkiEötvös József Általános Iskola és Alapfokú Művészetoktatási Intézmény, Hajdúböszörmény Hungary заеднички го отворија проектот.
– се уреди ЕРАЗМУС катче за проектот
– на етвининг проектот се гласаше онлајн и учениците изгласаа лого
Исто така се спроведоа и следниве активности
- Учениците пишуваа есеи за значењето на водата
- Изработуваа презентации за значењето на водата
- Изработија постери за значењето на водата
- Изработија Новогодишни и Божиќни честитки и беа испратени по пошта
Банерот на проектот беше изложен во холот на училиштето до Еразмус катчето.

Во следниот период, доколку дозволува ситуацијата со пандемијата со КОВИД19, ќе се реализираат мобилности.