21.03.2024

🍀 Во соработка со родителката Марина Стојановска, со цел продлабочување на знаењата по предметот Природни науки, учениците од IV⁴ и IV⁵ беа поканети на Природно – математичкиот факултет, Институт за хемија #chemistrychallenge

🔎 Со голем интерес и внимание ја следеа изведбата на експериментите при што ги воочија агрегатните состојби на материјата како и ослободување на кислород – гас кој го поддржува горењето и јаглерод диоксид – гас кој не го поддржува горењето.🫧🧪🕯

🤝Искажуваме благодарност до професорката и се надеваме на понатамошна соработка❣️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com