29.03.2024

🖋 Објавен Конкурсот за запишување во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година‼️

29.03.2024

🎭По повод 27 март, Светскиот ден на театарот, но и за продлабочување на знаењата за наставната содржина по Македонски јазик – Медиумска култура, учениците од 2⁴ одделение заедно со наставничките Ивана Величковска и Анита Атанаскоска беа во посета на Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar

❣️ Учениците во пријатна атмосфера прошетаа низ театарот и ги посетија големата и мала сцена. Се запознаа со реквизитите кои се местат на сцена, техниките за пуштање светло и тон, костимите на актерите и се друго што е потребно за реализација на една претстава #theatrereview

👏 Благодарност до вработените во театарот за топлото добредојде и посветеноста – сé да се опфати и соодветно да им се објасни на учениците #WorldTheatreDay

29.03.2024

🔛 Во рамки на проектот Забавен училишен спорт на тема ⤵️

🏄‍♀️🏋‍♂️🤾⁉️ “Колку е важно да се занимаваш со спорт” ⁉️🚵‍♀️⛹️🏃‍♀️

учениците од 3⁵ и 3⁶ одделение заедно со наставничката по ФЗО – Александра Баевска ги реализираа часовите и ги бараа одговорите на зададената тема. #SportsMatter#sportsperformance#ВоЗдравоТелоЗдравДух

28.03.2024

🧪 На 26ти март, со цел да ги продлабочиме знаењата по предметите Хемија и Природни науки, учениците од седмо, осмо и деветто одделение, предводени од наставничката Љупка Симоска, присуствуваа на Хемискиот спектакл на Институт за хемија – ПМФ

👨‍🔬 На спектаклот беа изведени интересни и ексклузивни експерименти и сите експерименти беа научно објаснети 👩‍🔬⚗️👨‍🔬

🎯 Благодарност до Директоротката на нашето училиште, Фоника Станоева и Институтот за хемија и СХТМ, кои ни овозможија присуство на овој научен настан‼️ #chemistrychallenge 💯 #chemistrymagic #CHEMISTRY #хемија

28.03.2024

❣️ Да ги прифатиме различностите и да ја промовираме и поддржуваме инклузијата секој ден‼️

#бидиИн#бидиинклузивен

Продолжува проектот “ Rolling Together” во Општина Аеродром.

Денес во СЦ “Јане Сандански”со учениците од “ООУ Ѓоргија Пулевски”и “ООУ Љубен Лапе”

Различноста е она што нè прави единствени, а инклузијата е она што нè поврзува. Нашите срца нека бидат отворени за секого, затоа што заедно градиме свет во кој сите се чувствуваат добредојдени. Да се ​​поддржуваме, да се разбираме и да се прифаќаме, а најважно од се е да се љубиме еден со друг, бидејќи љубовта не поврзува во совршена заедница и е клучот за создавање подобро утре.

Ајде да бидеме промотори на инклузивно општество секој ден. 💙♿️🏀🙏🇲🇰

26.03.2024

👩‍🦱💬👨‍🦰 МИСЛОТЕКА 2024 👩‍🦱💬👨‍🦰

📌 Детскиот квиз започна во рамки на училиштето, меѓу паралелките од шесто одделение, под менторство на одделенските раководители и во координација на училишниот координатор, Сања Станисавовска.

🎯 Во меѓусебните дуели најуспешни се покажаа учениците од 6¹ и 6⁵ одделение кои продолжија во трката, овојпат на натпревар со други училишта на полуфинални средби.

❣️6¹ одделение ги победи учениците на ООУ “Димо Хаџи Димов”, a учениците од 6⁵ одделение ја елиминираа екипата на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”.

👏 Честитки за МИСЛИТЕЛИТЕ на 6¹ одделение и нивниот одделенски раководител, Цветанка Поп Петрова кои своето натпреварување го завршија во третиот полуфунален натпревар и успеаја да се пласираат меѓу четирите најдобри екипи на квизот #Misloteka2024

25.03.2024

🌼 Според календарот на Обединетите нации, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет‼️#Светскиденнаводата

💦 Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена 🌍 #pureenvirement

📌 За да може да се справи општеството со кризата за вода и да го овозможи правото на вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење 🍀

👉 Нашите ученици, заедно со своите наставници го одбележаа овој значаен датум и со цел за подигнување на свеста за овој проблем своите пораки ги поделија на учениците и вработените во училиштето #worldwaterday2024

22.03.2024

🌸🌿 Дел од најмладите членови на Еко-тимот, учениците од Активот на 3️⃣ одделение – во целост посветени на екологијата и акцијата во текот на вчерашниот ден, уште еднаш покажаа дека титулата Еко-училиште ќе ни биде уште посјајна во годините што следат #Екоакција#екоучилиште#ecology

22.03.2024

♻️ 21ви март, Денот на екологијата, првиот пролетен ден, нашите ученици го одбележаа со разни еколошки активности, како чистење на училиштето и негово разубавување и облагородување со најубавите цвеќиња и растенија 🌸🌿

🌼💐 Боите на пролетта беа инспирација за креативните и вредни раце на нашите ученици во изработувањето на цветните аранжмани со кои го украсија училиштето #worldecologyday

🤝 Изразуваме голема благодарност до компанијата Хорти -Градина-Садници и родителот Јане Илов, кој ни донираше садници кои ги зсадивме во нашиот двор 🌲🌱🌳

Ќе растеме заедно со нив‼️

Добредојде пролет‼️

🤝 Благодарност и до Општина Аеродром, Јавното претпријатие за комунални дејности и директорот Благоја Ѓорѓиевски за помошта во уредувањето на дворот 🍀

👏 Благорарност од нас до Еко тимот на училиштето за успешната организација, а благодарност и од нив до сите нас за успешната реализација #ecology#pureenvirement#EcoLiving

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com