18.04.2024

🎖🏆🏅Уште еден ден во победничка атмосфера во нашето училиште.

🏀Нашите кошаркари како прваци и претставници на Општина Аеродром на Регионалното натпреварување на ниво на Град Скопје го освоија 🥈второто🥈 место во меѓуопштинските натпревари организирани од Федерација на училишен спорт⛹️‍♂️🏀⛹️

❣️ Честитки за учениците, честитки и за наставниците по ФЗО – тренерите Стефан Кукуноски и Александар Шишковски – 👏браво👏 – гордост сте ни‼️#basketball#basketballcoach#vtoromesto#СрцеНаТерен🎯🏆

17.04.2024

🥇🎯🥇Резултатите од Регионалниот натпревар по математика говорат сами за себе, а и за тоа колку сме горди како училиште на постигањата на нашите ученици и наставниците – ментори‼️

✨️ Честитки и им посакуваме уште поголем успех на Државниот натпревар #MathematicsChallenge#mathematicschallengeaccepted

17.04.2024

🤾‍♀️🤾‍♂️ Учениците од 5️⃣ одделение со наставничката по ФЗО, Александра Баевска во рамки на проектот Забавен училишен спорт работеа на темата: “Колку е важно да се занимаваш со спорт” #ВоЗдравоТелоЗдравДух🏃‍♀️🏃

17.04.2024

👏 Честитки за учениците и менторите. Посакуваме поголеми успеси во иднина ❣️

16.04.2024

🍒 Во текот на вчерашниот ден учениците од 2¹, 2² и 2⁶ одделение беа во посета на локалниот пазар во Општина Аеродром #напазар

🥦🍓🍏 Учениците се запознаа со начинот на кој функционира пазарот и со производите кои ги нуди, разговараа со продавачите, но и со производителите на дел од тие производи и не само што ја запознаа блиската околина на училиштето туку и ги проширија знаењата по предметот Природни науки🫘🍄#greenmarket🫒

16.04.2024

🇲🇰

15.04.2024

🌿🌸Во 2️⃣ одделение по Природни науки учиме за растенијата – што им е потребно да растат и уште поубаво да ни расцветаат и да дадат плод.

🍀 Учениците од 2³ одделение, заедно со наставничките Маја Младеновска и Елена Мингова на практичен начин учеа за ‘ртењето и во својата училна имаат мини ботаничка градина❣️

🌱🌾Семињата ги оставија да изртат на памук во сад со вода, а потоа ги посадија во саксии. Сега веќе од саксиите се наѕираат стебланца чиј раст и развој учениците ќе го следат, ќе ги запишуваат и дискутираат промените, а дел од нив ќе можат да ги посадат и во училишниот двор 🌼

12.04.2024

❣️Пораката за среќен роденден на нашата најмила и најубава Општина Аеродром ја примивме од учениците на ООУ Александар Македонски, а ќе ја предадеме на учениците од ООУ “Блаже Конески” – Аеродром ✨️

🎊 Со идејата оваа искрена порака да допре насекаде и до секого учениците од сите училишта и дечињата од градинките во еден глас извикуваат:

🎉🍀 Среќен роденден драго наше катче на кое му се радуваме и во кое другаруваме секој ден. Секојдневно расти и разубавувај се, а ние ќе растеме среќни и безгрижни со тебе 💕 #happybirthday #ОпштинаАеродром 🎂

11.04.2024

📌 Учениците од IV-2, IV-3 и IV-6 одделение, заедно со наставничките Катерина Тасевска, Марина Спасовска и Елизабета Славковска остварија посета на Музејот на Македонската Борба и Старата скопска чаршија и ги проширија знаењата по предметот историја и општество #historyfacts

09.04.2024

🏆🥇🏆 Уште едно 1️⃣ место на нашиот ученик Даријан Белчовски од III² одделение, освоено на турнирот организиран од Тениската федерација на Македонија за момчиња до 10 години во тенискиот клуб ТК Фан Тенис – Скопје🎾💯🎾

👏 Честитки и уште поголеми успеси во иднина #firstplace#tennisplayerlife

ООУ „ Љубен Лапе “

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-30-552

@yahoo.com