На следниот линк може да го симнете онкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта

Почитувани ученици, почитувани родители,

Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна  Македонија, Министерството за образование и наука  за прв пат оваа година воведува нова дигитална услуга  која ќе Ви овозможи електронско аплицирање и нема да Ви одземе повеќе од 5-10 минути.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk .

Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, Порталот ќе биде отворен од 10.06.2022 година  во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 15.06.2022 година најдоцна до 15.00 часот, после што системот ќе биде затворен за онлајн аплицирање од ученици.

Во наведениот период додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да вршат ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.

Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Доколку учениците до 15.06.2022 сè уште го немаат добиено своето свидетелство за IX-то одделение,  ги внесуваат своите оценки евидентирани во е-дневникот. Во полето за свидетелство за IX-то одделение (во полето за прикачување) прикачуваат документ/слика (слика од е-дневник) и на тој начин ја завршуваат апликацијата. Свидетелството од IX-то одделение,  задолжително ќе го приложат  до училиштето при доставувањето на целокупната потребна документација на 16-ти  и 17ти јуни.

Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 16-ти  јуни 2022 година на интернет страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на https://e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 09:00 часот.

Доставувањето на потребената документација  до училиштата е на 16-ти  јуни од 12.00 часот до 19.00 часот и на 17-ти  јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Скопје, 30.12.2021Од денес учениците од основното училиште „Љубен Лапе“ во општина Аеродром ќе може да спортуваат, да играат и да другаруваат на новото инклузивно и пристапно игралиште сместено во дворот на училиштето.

Ова е осмо инклузивно игралиште, како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од Европската Унија. Овој проект веќе 16 месеци успешно работи во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта.

„Образованието им помага на децата да прераснат во возрасни кои знаат да се справат со предизвиците во нивниот приватен и социјален живот. Образованието им помага на децата да разберат дека индивидуалноста значи различност и дека сите поединци, колку и да се различни, имаат исти права и ги збогатуваат нашите општества. Целосното вклучување на децата со попреченост во редовниот училишен систем не е лесна задача, ниту во земјите на ЕУ. Резултатите варираат, исто така поради различните национални дефиниции за посебни потреби и различните традиции на училишниот систем. Сепак, политиката на ЕУ за ова е јасна: мора да се оддалечиме од сегрегираното специјално образование. Попреченоста е прашање на права, а не прашање на дискреција.“ посочи г-н Стефан Ходулин од канцеларијата на ЕУ во земјава.

Оваа инклузивно игралиште во основното училиште „Љубен Лапе “ во кое се образуваат повеќе од 1100 ученици е од огромна важност за Општина Аеродром.

„ Инклузивните игралишта нудат стимулација на учениците со попреченост и нивна вклученост во играта, она што во суштина е најзначајно за децата. Со задоволство го ставаме во употреба ова игралиште и со него ја унапредуваме инклузивноста во училиштето и пристапноста на образовните програми до сите ученици, но и на општината. Многу е  важно децата со посебни потреби да имаат еднакви можности за образование, спортување, учење и другарување со сите останати ученици.“ – изјави градоначалникот на Аеродром, г-н Тимчо Муцунски.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да им помогне на училиштата каде учат учениците со попреченост – стипендисти на Проектот да ја подобрат својата инклузивност и пристапност. Со создавање на пристапни и стимулативни средини за учење, како и високо квалитетна прилагодена настава за учениците, училиштата опфатени со проектот стануваат места со еднакви  можности за образование на децата, вклучувајќи ги и оние со физичка, сетилна и интелектуална попреченост.

„Во текот на овие 16 месеци спроведување на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиран од Европската Унија, доделени се стипендии на 471 ученици во почетните одделенија, се спроведе обука за повеќе од 280 претставници од училиштата, опремивме осум инклузивни игралишта, пет сензорни соби, една сензорна градина и доделена е асистивна технологија во четири училишта. Веруваме дека со овие активности навистина ја менуваме сликата за инклузивното образование во земјава и придонесуваме кон еднаквост во образованието, но и градење инклузивно општество за сите.“, рече Елена Мишиќ од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука.

🥇🎊🥇 Честитки драги ученици – честитки и за менторката – гордост сте ни

Честитки до нашите наставници по физичко и здравствено образование и нашите ученици – спортисти, учесници во училишен спорт❗

👉 ООУ “Љубен Лапе” Општина Аеродром, Скопје на 7.6.2022 година – (вторник) во спортската сала на училиштето со почеток во 12 часот организираше мала прослава на која в.д. директорката м-р Сања Стојанова свечено им додели пофалници на училишните шампиони – спортисти во футсал, ракомет и одбојка.

📌 Посебна благодарност до членовите во училишната екипа за одбојка кои освоија 1️⃣во место на меѓуопштинскиот натпревар во одбојкарската лига каде градоначалникот г. Тимчо Муцунски им додели пехар и дипломи.

⚽️ Исто така голема благодарност и за училишната екипа со која станавме државни прваци во футсал и екипата со која освоивме 1️⃣во место во ракомет🎊

🥇🎖🥇Да продолжиме да редиме многу победи и успеси во иднина, да останеме препознатливи и најдобри – ООУ “Љубен Лапе”-Општина Аеродром, Скопје‼️

🍀 Топло добредојде за нашите пријатели со кои споделуваме прекрасни моменти при секоја нова средба на Еразмус проектот од програмата КА229 – “Life is colored with new information” 🌼
🦋 Нашите драги гости од две училишта од Турција, од Трабзон и Истанбул и едно основно училиште од Клаипеда – Литванија ги пречекавме во најубаво расположение и свечена атмосфера
Секако ги поздравивме и другарчињата од училиштата од Италија и Романија, кои овој настан го следат он-лајн, но секако со многу активно учество 🌼
💐 В.д. директорката м-р Сања Стојанова ги поздрави гостите и сите присутни и го отвори настанот во кој земаа учество многу ученици и одговорни наставници, координирани од наставничката Јасминка Костадиновска – одговорен координатор за Еразмус проекти во нашето училиште ❣

Со големо задоволство ги споделуваме резултатите и постигањата на нашите ученици од општинскиот натпревар, ЕЛТАМ – натпревар по англиски јазик кој се одржа на 19.3 во ООУ”Круме Кепески”, Кисела Вода
👏 Честитки до сите ученици и менторите за постигнатиот успех, а на оние кои продолжуваат на регионалниот натпревар им посакуваме поголеми успеси и уште многу награди..Со среќа 🍀

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com