03.04.2023
На 30ти март учениците од 3³ одделение со својата наставничка, Марина Спасовска, во рамки на активноста Отворен кабинет се сретнаа и поразговараа со Претседателот на нашата држава ![]()
03.04.2023
На 30ти март учениците од 3³ одделение со својата наставничка, Марина Спасовска, во рамки на активноста Отворен кабинет се сретнаа и поразговараа со Претседателот на нашата држава ![]()
24.03.2023
Оваа наша Еко – недела ја затвараме со Еко – пораките преку кои нашите учениците имаа можност, на креативен начин, да се изразат и од срце да ги испратат до сите нас – да ја чиваме животната средина, и да ја подигнеме нашата еколошка свест
24.03.2023
![]()
Во текот на целата недела имавме најразлични еко – изработки инспирирани од природата и екологијата ![]()
![]()
![]()
Ви ја претставуваме
Еко – гасеницата на учениците од активот на трето одделение, изработките со пролетни мотиви на каменчиња од учениците од Дневниот престој, а учениците од предметна настава сликаа и моделираа на стаклени површини и имаа Еко – ЛЕГО изработки![]()
24.03.2023
Во текот на целата Еко – недела секој ден на третиот час, учениците од Еко – патролата го чистеа училиштето и училишниот двор![]()
Да ја чуваме природата и да се грижиме за нашето опкружување – да ја направиме промената, сите заеднички – секој од нас да застане во редот и да биде позитивен пример за чување на околината ![]()
23.03.2023
Според Еко – планот, денес на програмата имавме задача
“Засадување на дрво на генерацијата”
Претставници од сите паралелки од 9то одделение, заедно со одделенските раководители, засадија цвеќиња и други хортикултурни растенија во Атриумот на училиштето, но и секоја паралелка го засади своето дрво како спомен и сеќавање на нивната генерација – уште една од редот на прекрасни генерации, пораснати и излезени од нашето училиште![]()
![]()
![]()
23.03.2023
Доаѓањето на пролетта, учениците од III⁴ и III⁵ одделение заедно со своите наставнички, го одбележаа со гостување во училиштната програма “Ѕвон” на МРТВ ![]()
Учениците покажаа исклучителна умешност при изведување на рецитали, драматизации и музичко-ритмички точки. Со својот настап голем впечаток оставија учениците кои свиреа на музички инструменти ![]()
Во креативното катче, учениците прочитаа пораки по повод “Денот на среќата” и изработуваа цветови од листови во боја.Стекнатите знаења од мобилноста преку Еразмус проектот “Светот е обоен со нови информации” ги пренесоа на остантите ученици.
Горди сме на нашите ученици и ги охрабруваме за многу следни настапи во кои со гордост ќе го претстават училиштето![]()
22.03.2023
Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет![]()
Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.
За да може да се справи општеството со кризата за вода и да го овозможи правото на вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење ![]()
Во рамки на нашата Еко – недела учениците од 1³ и 1⁵ одделение, како и наставничката Јасминка Костадиновска со учениците од одделенска настава, часовите по Англиски јазик ги посветија за одбележување на овој значаен даум
22.03.2023
Во организација на Сојузот на математичари и во соработка со Шаховскиот Сојуз на град Скопје, на 18ти март во нашето училиште се организираше елиминаторен шаховски турнир како поддршка на проектот “Шах во училиштата”![]()
Интересот за турнирот беше многу голем така што учество зедоа 144 ученици од
до
одделение
Честитки за учениците кои обезбедија пласман во вториот круг од натпреварот ![]()
Шаховска Федерација на Македонија / Chess Federation of Macedonia
21.03.2023
Според Еко – програмата, денес за задача имавме да го уредиме холот на училиштето, училниците и ходниците ![]()
На главниот влез направивме Еко – цветно пано, засадивме цвеќиња во жардинериите во холот и во училниците⚘️![]()
Целото училиште беше раздвижено со многу активности: дел од учениците цртаа, твореа и боеја во најживописните бои на пролетта![]()
![]()
Со раширени раце ја дочекавме пролетта и и посакавме најтопло добредојде во нашето училиште ![]()
улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје
02 / 24-30-552
@yahoo.com