Со цел да ги прошириме нашите знаења за хемијата како наука, но и да напредуваме паралелно со развојот на современата технологија, во организација на наставничката по хемија, Љупка Симоска ги поканивме професорите од Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје да дојдат на посета во ООУ „Љубен Лапе “ и да ни ги пренесат знаењата од современата лабораторија
Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со изгледот и функцијата на една современа лабораторија, со лабораторискиот инвентар и мерките на претпазливост во хемиска лабораторија, да се стекнат со нови проширени знаења и практични експерименти на различни теми по природните науки
Голема благодарност до Технолошко – Металуршкиот факултет во Скопје и до сите професори што ни ја овозможија оваа едукација, од која научивме многу повеќе од редовните наставни содржини и го збогативме нашето знаење со многу новитети. Предавањата и практичните активности беа одржани на следниве теми од професорите:
Доц. д-р Мишела Темков “Технологија за производство на фондан”
Проф. д-р Бети Андоновиќ “Математика и наноматеријали”
Бојан Атковски “Екперименти од општа хемија”
Вонр. проф. д-р Бошко Бошковски “Технологија и хемија”
Се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи понатаму и во иднина и дека редовно ќе ги надградуваме знаењата и со идните наши генерации