15.10.2026
Четириесет години се повеќе од временски период – тие се приказна за генерации, знаења, успеси и трајни вредности. Формирано во 1986 година, нашето училиште растеше и се развиваше заедно со времето, оставајќи свој белег во образованието и во животите на илјадници ученици.
Во овие четири децении се сменија светот, технологијата и начинот на кој учиме. Од телевизорот, радиото, таблата и книгата како прозорци кон знаењето, стигнавме до дигиталните училници, современите технологии и вештачката интелигенција. Од еден милениум зачекоривме во друг, а училиштето продолжи да се движи напред – без да ги заборави своите корени.
Но, зад сите промени остана непроменлива најважната вредност – човекот, наставникот и ученикот. Нашите успеси се темелат на посветеноста, љубопитноста, креативноста и вербата дека знаењето е најсигурниот пат кон иднината. Четири децении подоцна, не гледаме само наназад со гордост, туку и напред со љубопитност и подготвеност. Зашто училиштето што знае да го почитува своето минато, истовремено знае да ја препознава и иднината.
Подготвени сме за новите предизвици, новите технологии и новите генерации кои доаѓаат!
Линк до Монографијата
