29.10.2024
Денес во училишниот двор го засадивме пензискиот парк заедно со претставници на пензиските друштва: Триглав, Сава и КБ Прво пензиско друштво #ЗасадиЖелба
Директорката на училиштето, Фоника Станоева со Градоначалникот на Општина Аеродром, наставниците и учениците ги посадија подарените садници, а се постави и клупата која ќе биде сведок на настанот, а потоа и место за уживање во сенките на дрвјата ![]()
![]()
![]()
![]()
Засадените дрвја, освен тоа што ќе го оплеменат просторот, ќе бидат и жива метафора за иднината на учениците дека секој чекор што тие го прават денес може да биде инвестиција во подобра иднина![]()
