28.10.2024
На 26ти октомври во Пехчево, во организација на SZTKM – Narodna tehnika na Makedonija и Сојузот на клубови на млади техничари и природници се одржа 61-от Државен натпревар на млади истражувачи, техничари и природници.
Нашите ученици под менторство на наставничката Светланка Арсеновска покажаа одлични резултати ![]()
Прво место за Боби Трајковски од 8⁴ одделение во областа “Бродомоделарство”.
Прво место за Илија Димитровски од 9⁵ одделение во областа “Електроника”.
Прво место за Доријан Николовски од 6⁴ одделение во областа “Ракетно моделарство”.
Второ место за Михаил Балески од 7² одделение во областа “Иновации”.
Честитки за учениците и нивниот наставник – ментор, посакуваме уште поголеми успеси во иднина![]()
