07.06.2024
![]()
Цела учебна година со тренерите од Sports Academy Sky Wellness Спортска Академија Скај Велнес посветено “Учиме да пливаме”, благодарение на Општина Аеродром и Градоначалникот Тимчо Муцунски![]()
Нашите вредни првачиња, кои беа опфатени со овој проект, заедно со својот наставник по Физичко и здравствено образование, Стефан Кукуноски – вредно, успешно и со задоволство ги посетуваа часовите по пливање
#УчимеДаПливаме
За своето активно учество на проектот и учениците и наставниците добија Дипломи и Благодарници на свеченото – разиграно и распеано доделување на кое се обрати и Директорот на училиштето, г-ѓа Фоника Станоева, која се заблагодари за заложбата на сите вклучени во проектот, а на учениците им честита за посветеноста и љубовта кон пливањето како спорт
#SwimLessons#пливање#ЗаЗдравиИСреќниПрвачиња
