13.05.2024
“Гоцеви денови – 2024”, меѓународна манифестација организирана од ЗГМНЗ “Гоце Делчев” – Пчињски округ, Врање.
Во склоп на манифестацијата беше објавен и ликовен и литературен конкурс за ученици на тема ,,Животот и делото на Гоце Делчев”. Нашите ученици учествуваа на конкурсот и се закитија со вредни награди ![]()
![]()
![]()
Ученичката Неда Стрезоска, 2³ одделение го освои првото место на литературниот конкурс. Честитки и за Неда и одделенските наставнички Маја Младеновска и Елена Мингова.
Ученикот Максим Чаушевски од 8⁵ одделение, со наставничката – ментор Сузана Михајловска го освои првото место на ликовниот конкурс.
Им честитаме и на учениците и на менторите и им благодариме за достојното претставување на училиштето, кое благодарение на нив се закити со “Златна плакета”
