26.04.2024
Учениците од IV² и IV³ заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска имаа едукативна посета на Собранието и ги проширија знаењата за законодавната власт – изучувани содржини по предметот Историја и општество. Се прошетаа низ ходниците, седнаа во пратеничките столчиња, го посетија Музејот на Собранието и љубопитно поставија “пратенички” прашања.
Благодарнот за гостопримливоста до сите вработени, а уште едно благодарам за госпоѓата која беше наш водич и многу посветено им презентиеаше на учениците и одговори на сите нивни прашања