19.04.2024
Нашето училиште со гордост објавува уште еден голем успех на нашите ученици![]()
Во полуфиналето од квизот на знаењата “Ученичка квизотека”, во организација на Detski kulturen centar “Karpos” Детски културен центар „Карпош“-Скопје , на 12ти април, нашите ученици Зоја Спасеноска 8¹ одделение, Борјан Јосифов 8⁴ оддeление и Ема Алаѓозовска 9³ одделение, во прекрасна атмосфера и одлично расположение, го освоија второто место ![]()
![]()
![]()
Им честитаме на нашите претставници и наставничката – ментор по Граѓанско образование, Даниела Гаштаровска за постигнатиот успех и им благодариме што одлично го претставија нашето училиште![]()
