05.03.2024
Меѓународниот ден на енергетска ефикасност го одбележаа и учениците од 4² и 4³ одделение, заедно со наставничките Катерина Тасевска и Марина Спасовска
Тие разговараа на темата за подобрувањето на енергетската ефикасност, за оптимизирање на потрошувачката на енергија, за користење на обновливи извори на енергија наместо фосилни горива и за промовирање на одговорна потрошувачка и рециклирање
Следејќи ги презентациите на наставничките учениците изработија хамери, а го изучуваа и значењето на боите од заштитниот знак
Сите и секогаш да се стремиме кон + што значи Најголема енергетска ефикасност