10.04.2023
Караванот на Ars Lamina го посети и нашето училиште
Благодарни сме за донацијата и посакуваме уште поуспешна соработка во иднина
******************************************************************************
Претставници на „Арс Ламина“ деновиве гo посетија основното училиште ООУ “Љубен Лапе” Аеродром во Скопје и подарија 100 книги во училишната библиотека. Донацијата се состои од лектири, читанки, едукативни изданија и нагледни средства.
Со тоа се реализираше донацијата од вкупно 800 книги во училишта Општина Аеродром во склоп на кампањата за поттикнување на читачките навики кај децата – „Читањето е супермоќ“.