16.03.2023
Учење, споделување лични искуства и дискусии во Еразмус проектот
Немаш право да ми вршиш насилство
Од 5 до 11 март се одржа мобилноста од овој проект на кој учениците од нашето училиште заедно со одговорните наставници го посетија училиштето “Anadolu Lisesi” во Назили, Турција
На оваа мобилност нашите ученици беа вклучени во многу активности, заедно со учениците од другите земји учеснички: Италија, Романија, Полска и Турција.
Споделуваа искуства за сајбер булинг, но и стекнаа вештини – како во иднина да се заштитат и справат со таков вид насилство
Домаќините приредија многу изненадувања и со добра организација се реализираа повеќе прошетки при што учесниците ја посетија куќата на Мајка Богородица, стариот град Ефес, туристичкото село Ширинче, Кушадаси, Памук кале, фабриката за сребро и драгоцени камења и базенот Клеопат
На завршниот ден од мобилноста учесниците добија Сертификати за учество, а посетата во Турција беше заокружена со традиционото парче торта кое означува успешно завршена мобилност