09.02.2024

📌 Учениците од 8² и 8⁴ одделение реализираа вонучилишна активност при што го посетија Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, каде се запознаа со темата, а во рамки на активноста ја посетија и црквата Св.Димитрија.

👉 Учениците се запознаа со животот, културата и традицијата на Евреите во Македонија. Имаа можност да видат оригинални предмети од секојдневниот живот и практикување на религијата на Евреите како и аудиовизуелни содржини кои вклучуваат и сведоштва на преживеаните Евреи од Македонија по трагичното патување до логорот Треблинка.

📍 Историските факти не се бришат, а целта на сеќавањето на една од најцрните дамки во историјата на човештвото – холокаустот, е токму тоа, да не ја повториме грешката, да се научиме на соживот, толеранција и почитување на човековите права‼️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com