05.05.2023

✍️ На денешен ден, 5ти мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а два месеца потоа Министерството за просвета го озаконило првиот правопис на македонскиот јазик 🍀

🇲🇰 На 130тата седница на Владата на Република Северна Македонија беше донесена одлука 5ти мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение.

Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.

📌 Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици, а го зборуваат околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, Австралија и други земји 🇲🇰

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com