29.05.2023

📌 На 23ти мај, наставничките од 3¹, 3⁴ и 3⁵ одделение, во соработка со психологот Марија Конеска од Центар за развој, едукација и советување на деца и млади-МАША Марија, реализираа работилници на тема “Емпатија над насилството во училиштата”❣️

🎯 Целта е да се развие свесноста кај учениците за сопствените постапки, развивање на емпатија како и начинот на разрешување на секојдневните несогласувања. Преку игра , учениците согледаа како се однесуваат кон другарчињата и дадоа идеи за подобрување на истото 👭👫

🤝 Се договорија лошите зборови и постапки да се поништат и на нивно место да се кажуваат и пишуваат убави зборови 💞

🫶 Голема БЛАГОДАРНОСТ до гостинката.Се надеваме на понатамошна соработка ✨️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com