22.03.2024

♻️ 21ви март, Денот на екологијата, првиот пролетен ден, нашите ученици го одбележаа со разни еколошки активности, како чистење на училиштето и негово разубавување и облагородување со најубавите цвеќиња и растенија 🌸🌿

🌼💐 Боите на пролетта беа инспирација за креативните и вредни раце на нашите ученици во изработувањето на цветните аранжмани со кои го украсија училиштето #worldecologyday

🤝 Изразуваме голема благодарност до компанијата Хорти -Градина-Садници и родителот Јане Илов, кој ни донираше садници кои ги зсадивме во нашиот двор 🌲🌱🌳

Ќе растеме заедно со нив‼️

Добредојде пролет‼️

🤝 Благодарност и до Општина Аеродром, Јавното претпријатие за комунални дејности и директорот Благоја Ѓорѓиевски за помошта во уредувањето на дворот 🍀

👏 Благорарност од нас до Еко тимот на училиштето за успешната организација, а благодарност и од нив до сите нас за успешната реализација #ecology#pureenvirement#EcoLiving

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com