29.03.2024

🎭По повод 27 март, Светскиот ден на театарот, но и за продлабочување на знаењата за наставната содржина по Македонски јазик – Медиумска култура, учениците од 2⁴ одделение заедно со наставничките Ивана Величковска и Анита Атанаскоска беа во посета на Македонски народен театар / Makedonski naroden teatar

❣️ Учениците во пријатна атмосфера прошетаа низ театарот и ги посетија големата и мала сцена. Се запознаа со реквизитите кои се местат на сцена, техниките за пуштање светло и тон, костимите на актерите и се друго што е потребно за реализација на една претстава #theatrereview

👏 Благодарност до вработените во театарот за топлото добредојде и посветеноста – сé да се опфати и соодветно да им се објасни на учениците #WorldTheatreDay

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com