23.02.2023

📚Во текот на вчерашниот ден, во заедничка соработка на Активот на трето одделение и Училишната библиотека, нашето училиште го посети писателката за деца и возрасни г-ѓа Јадранка Клисарова🍀

👉 На ред за обработка ни дојде лектирата “Децата од моето училиште” која е напишана од перото токму на оваа писателка. Говоревме за случувањата во книгата, нивната вистинитост и реалност, извлековме поуки, но и препознавме дел од секојдневието на нашето училиште во тие раскази✨️

💫 На крајот од нашата средба авторката потпиша многу книги, учениците и подарија свои скромни изработки во знак на благодарност, а сите со себе понесовме убав спомен❣

👏 Благодарност до авторката за посетата и убавата соработка – до некои нови дружења и средби 🌼📚

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com