03.04.2024

📌 Учениците од IV², IV³ и IV⁶ одделение заедно со наставничките Катерина Тасевска, Марина Спасовска и Елизабета Славковска ги посетија Ботаничка градина и Институт за хемија – ПМФ.

🧪⚗️Учениците на Институтот за хемија ги проширија знаењата и имаа можност да го видат периодниот систем на елементи, минералошката збирка, а за агрегатната состојба на материјата имаа можност да се запознаат преку експериментите во лабораториите за општа и неорганска хемија, органска хемија и аналитичка хемија 👨‍🔬👩‍🔬

🌿 Воедно учениците беа дел од едукативните работилници во Ботаничката градина каде што со помош на микроскоп истражуваа различни видови растенија🌻🍀

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com