15.04.2024

🌿🌸Во 2️⃣ одделение по Природни науки учиме за растенијата – што им е потребно да растат и уште поубаво да ни расцветаат и да дадат плод.

🍀 Учениците од 2³ одделение, заедно со наставничките Маја Младеновска и Елена Мингова на практичен начин учеа за ‘ртењето и во својата училна имаат мини ботаничка градина❣️

🌱🌾Семињата ги оставија да изртат на памук во сад со вода, а потоа ги посадија во саксии. Сега веќе од саксиите се наѕираат стебланца чиј раст и развој учениците ќе го следат, ќе ги запишуваат и дискутираат промените, а дел од нив ќе можат да ги посадат и во училишниот двор 🌼

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com