За време на летниот распуст интензивно се реконструираа училниците каде се заменети сите врати, обновени се ѕидовите, инсталациите и санитарните јазли. Училниците се варосани а долниот дел од ѕидовите е бојадисан со мрсна боја. Воедно за учениците по иницијатива на директорот м-р Сања Стојанова се адаптирани уште две нови училници на вториот кат. Изразуваме голема благодарност до градоначлникот на Општина Аеродром г. Тимчо Муцунски за прифаќање на дадените приоритети од училиштето со овозможувањето на оваа значајна инвестиција. Со оваа инвестиција се постигнува осовременување и подобрување на условите за настава и се овозможува пријатна атмосфера за учениците и наставниот кадар.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com