01.09.2025
Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме, за првиот училишен ден да го направиме весел, распеан и насмеан, а на првачињата да им посакаме најтопло добредојде во нашиот заеднички дом – нашето сакано училиште
Директорката на училиштето, Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за довербата и привилегијата – токму нашето училиште да ги воведе дечињата во светот на знаењето, другарувањето со книгата и растењето рака под рака со наставниците и другарчињата.
На присутните им се обрати и Градоначалникот на нашата општина, Дејан Митески кој ги поздрави родителите и учениците и на сите ни посака среќна и успешна учебна година.
Започнавме со интонирање на државната химна и химната на училиштето, продолживме со уште неколку забавни точки и на крај сите во еден глас посакавме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на уште едно заедничко патување
#backtoschool#welcome#learning#friendship#unity