07.04.2023

♥️Светски ден на здравјето — ден посветен на подигање на свеста за здравјето на луѓето ширум светот, кој се одбележува на 7 април секоја година, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО)🩺🩸

🏥 На овој датум всушност е основана СЗО, која годинава на 75 годишнината од основањето, денот го одбележува под мотото “Здравје за сите”. Целта е со темата да се потенцираат сите успеси во јавното здраство со кои е подобрен квалитетот на живот, но и да се поттикнат активности кои се неопходни во справувањето со сите здравствени предизвици 🚑

💝 Нашите ученици вредно работеа, со цел одбележување на овој меѓународен датум и испратија пораки до сите нас: како да се грижиме за своето здравје преку грижата за околината и поттикнување за водење на здрав начин на живот 🍀

#WorldHealthDay2023💞🖤🤍💞

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com