22.03.2023

🌼 Според календарот на Обединетите нации, денес, 22 март е Светски ден на водата. Водата е основата за постоењето на живот на планетата Земја, а чистата вода за пиење и за одржување на хигиената е неопходна за одржување на животот и здравјето на целиот жив свет‼️

💦 Сепак, правото на вода не е еднакво достапно за секого. Приближно 900 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста и здрава вода за пиење, додека 2,5 милијарди луѓе немаат нормални услови за одржување на својата хигиена.

📌 За да може да се справи општеството со кризата за вода и да го овозможи правото на вода, Обединетите нации го признаа правото на вода како елементарно човеково право за обезбедување чиста и здрава вода за пиење 🍀

👉 Во рамки на нашата Еко – недела учениците од 1³ и 1⁵ одделение, како и наставничката Јасминка Костадиновска со учениците од одделенска настава, часовите по Англиски јазик ги посветија за одбележување на овој значаен даум

#WorldWaterDay2023

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com