28.05.2025
Денес нашето училиште и Општина Аеродром беа домаќини на Саемот за наука, кој е дел од проектот „Науката и јас“ #СаемЗаНаука#sciencefair
Настанот го отвори директорката на училиштето, Фоника Станоева, а на присутните им се обрати и в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. Тие го истакнаа своето уверување дека секое дете во себе носи потенцијал кој со вистинска поддршка и менторирање може да биде препознаен и правилно да се развива
Честитки за организацијата „Македонија 2025“ која со поддршка од општествено – одговорната компанија „Џонсон Мети“ беспрекорно го организираше овој настан на кој се истакнаа многу ученици со своите познавања од различни научни области и не уверија дека нашата иднина и иднината на нашата држава ќе биде во сигурни раце