30.10.2024
Во текот на вчерашниот ден, под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ во нашето училиште се организираше едукативна забава на која настапи популарниот бенд ДНК, чии членови се бренд-амбасадори на проектот.
Во рамки на проектот “Clean AirDrom” музичко – едукативниот караван, поддржан од Општина Аеродром го посети и нашето училиште со цел да ги мотивираме и анимираме учениците да станат активни учесници во проектот каде главна цел е подигање на свеста за одговорност кон животната средина, важноста на рециклирањето и еколошка самоиницијатива.
Во таа насока и ги повикуваме нашите ученици за посовесно и поодговорно однесување со отпадот, како и редовно користење на машината за пластични шишиња – поставена во училишниот двор.
Повик до сите нас за поголема еколошка свесност и совесност – да се грижиме за околината и да се грижиме нашата општина да биде почиста и поубава за живеење. #CleanAirDrom
