26.10.2024
Вчеравечер успешно ја реализиравме едукативната работилница за родители на која се отворија многу прашања за врсничкото насилство, се споделија искуства, се разменија мислења и се обидовме да дадеме некои комплексни одговори кои ќе не доближат барем чекор до решенијата кои ни се бескрајно потребни.
Со Сашко Коцев како модератор на настанот – еминентни психолози и директорката на нашето училиште, Фоника Станоева како педагог, го споделија своето искуство од активното работење на оваа тема.
Патот е долг и неизвесен, посветеноста од целокупната заедница е неопходна, но сепак РОДИТЕЛИ – Отворената комуникација е најдобриот начин да го заштитите вашето дете од каков било тип на врсничко насилство. Охрабрете го вашето дете отворено да зборува на оваа тема![]()
Благодарност до Градоначалникот Дејан Митески и Општина Аеродром за поддршката и присуството на настанот.
#КрениГласПротивВрсничкоНасилство – Општествено одговорна кампања на #Макпетролwww.kreniglas.mk
