19.03.2024

📌 Тимот на Мрежа Стела продолжува со циклусот на работилници со наставнички од основни училишта. Нашето училиште ја имаше честа, минатата недела да биде домаќин на работилницата „Важноста на менторството и вовед во менторската програма на Стела“ – која е уште една во низата активности од овој проект кој е во партнерство и со финансиска поддршка на Британската амбасада.

🌸 Под водство на проф. д-р Мира Беќар, наставничките имаа можност да се запознаат со процесите на менторство, придобивките од истото, како и различните формати и средини на спроведување. Во склоп на работилницата се разви и дискусија за предизвиците со кои се соочуваат наставничките во нивното секојдневие особено во делот на насочување на учениците согласно нивните сопствени убедувања и вештини.

👉 Наставничките се запознаа и со работата на Мрежа Стела, како и со работата и целите на Женската менторска мрежа.

🍀 Благодарност за посветеноста и пријатната атмосфера која ја создадоа предавачите и во која работилницата се реализираше повеќе од успешно 👏

❣️Голема благодарност и до Здружението за значењето на еколошкото образование во осовременување на образованиот процес (ЗЕОООП СК), со чија поддршка ја организиравме оваа работилница.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com