31.01.2024

📌 Во рамки на проектот “Нашите медиуми” во 3³ одделение, наставничката Викторија Пауноска и новинарот Огнен Јанески во соработка со Македонски институт за медиуми – МИМ / Macedonian Institute for Media – MIM реализираа активности поврзани со медиумската писменост 📺💻📱📻

📺📱📻📰 Што е новинарство и што работат новинарите? Што е дезинформација, мисинформација и малинформација? Како фотографиите и видеата може да се променат и да се злоупотребат? На овие, и на повеќе други прашања поврзани со медиумите и новинарството, учениците од четири основни училишта во Скопје разговараа со новинари кои гостуваа на училиштен час и ги споделија своите професионални искуства. Учениците се запознаа со клучните концепти на медиумската писменост и со основните алатки за проверка на информациите, особено на социјалните медиуми.

👩‍🏫 Посетите беа реализирани во основните училишта „Ацо Шопов“, „Александар Македонски“, „Лирија“ и „Љубен Лапе“.

Оваа активност се спроведува во рамки на регионалниот проект „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање дијалог“. #нашитемедиуми

*Фотографиите од учениците се објавени со согласност од родителите.

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com