21.02.2024

👉 По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21ви февруари, во ООУ “Блаже Конески” – Аеродром се одржа пригоден настан под мотото “Македонскиот јазик како аманет за навек” 📖

📌 Директорката од нашето училиште, Фоника Станоева со претставници од наставниците и учениците, го посетија одбележувањето на празникот, како и многу други гости на училиштето – домаќин, меѓу кои и големиот македонски автор за деца и млади, Велко Неделковски‼️

👏 Честитки за нашата ученичка, Михаела Стојкоска од 8² одделение и нејзиниот наставник – ментор, м-р Милка Тримчевска за освоена трета награда на Литературниот конкурс во категорија на ученици од предметна настава 🍀

❣️ Искрени честитки и за колегите од Блаже Конески Аеродром за успешната реализација на настанот со желби за уште повеќе вакви и слични случувања👏

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com