19.04.2023

🔛 Минатата недела во 3² одделение реализиравме отворен час, во соработка со родителка од одделението која има мошне интересна професија. Г-ѓа Јулија Карамитрова Огненоска е музичар, односно Професор по музика 🎶

🎼 Часот по музичко образование беше интегриран со часот по општество и часот по македонски јазик ✨️

❣️Во присуство на Психологот на училиштето учениците учеа за нашата традиција и културното наследство – за нашите традиционални ора, песни и музички инструменти 💫

🌼Учениците беа презадоволни и заедно со своите наставнички Катерина Тасевска и Валентина Вангеловска реализираа прекрасен интерактивен час

🍀Како училиште изразуваме голема благодарност до Професорката – за одвоеното време, посветеноста и прекрасната соработка и уште еднаш ја истакнуваме нашата успешна соработка со родителите и заедницата, воопшто🤝#collaboration#Synergy

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com