07.09.2023

🌼 Денес нашето училиште го посети господинот Живко Поповски – Цветин со кој заеднички реализиравме ликовна работилница “Македонија земја на цвеќето, земја на мирот”🕊

🍀 Заедно со учениците од Дневниот престој во училиштето и нивниот одговорен наставник творевме во име на утрешниот празник – 8ми Септември, и во име на се она што за нас претставува Македонија 🇲🇰💞✨️

👉 Овој голем уметник е токму оној кој создаде оригинална цветна верзија со говор за мир и благосостојба, оној од кој цвеќето создаде она што е: сликар – мајстор на цветни латици и хуманист од ранг со номинација за Нобелова награда за мир 🕊💮

👏 Нам ни останува да се восхитуваме на неговите дела и во име на сите во училиштето да му заблагодариме бидејќи не удостои со својата посета и несебично го сподели знаењето и умешноста со нашите ученици 🌷🇲🇰❣️

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com