16.03.2023

👉Учење, споделување лични искуства и дискусии во Еразмус проектот

✨️ Немаш право да ми вршиш насилство✨️

✅ Од 5 до 11 март се одржа мобилноста од овој проект на кој учениците од нашето училиште заедно со одговорните наставници го посетија училиштето “Anadolu Lisesi” во Назили, Турција🌸

✅На оваа мобилност нашите ученици беа вклучени во многу активности, заедно со учениците од другите земји учеснички: Италија, Романија, Полска и Турција.

Споделуваа искуства за сајбер булинг, но и стекнаа вештини – како во иднина да се заштитат и справат со таков вид насилство 🌼

✅ Домаќините приредија многу изненадувања и со добра организација се реализираа повеќе прошетки при што учесниците ја посетија куќата на Мајка Богородица, стариот град Ефес, туристичкото село Ширинче, Кушадаси, Памук кале, фабриката за сребро и драгоцени камења и базенот Клеопат

✅На завршниот ден од мобилноста учесниците добија Сертификати за учество, а посетата во Турција беше заокружена со традиционото парче торта кое означува успешно завршена мобилност👏

#YouHaveNoRightToBullyMe#Erasmus

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com