17.11.2023

🍀 Благодариме за посветеноста кон учениците и воопшто кон дечињата во Општина Аеродром . Чест и задоволство ни беше да бидете наш гостин г-н Timco Mucunski

*************************************************************************

👨‍🏫📱 Обезбедуваме услови за модерен образовен процес во основното училиште „Љубен Лапе“

Унапредувањето на образовниот процес, инвестициите во инфраструктурата и воведување нови содржини за учениците се нештата според кои се водиме во секојдневното работење. Нашата цел и визија е Аеродром да биде општина која ги нуди најдобрите услови за правилен развој на учениците, да обезбедиме средина во која секој ќе може да ги достигне своите квалитети и потенцијали.

Заедно со директорката на ООУ „Љубен Лапе“ Фоника Станоева, денеска извршивме увид во последните активности кои се спроведоа во ова училиште, а каде со заедничка инвестиција на училиштето и претставник на училишниот одбор, учениците од прво и четврто одделение и нивните наставници добија 6 смарт-системи за презентации, како и пен-таблети за модернизација на образовниот процес и реализација на наставната програма.

Љубен Лапе е едно од основни училишта во Општина Аеродром каде минатиот период имаше значителни инвестиции. Со последните активности на училиштето и општествено-одговорни компании и поединци, дечињата денес спортуваат на нови современи терени за фудбал, ракомет и кошарка, посетуваат настава во училиште со целосно реновиран долен кат, а со најновите содржини, ќе бидат во тек со наставата, но и најновите светски и технолошки трендови.
. . . превземено

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com