20.10.2023

❣️Во изминатите денови се подготвувавме – творевме и другарувавме за Патрониот празник – сите заедно сплотени под мотото:

🕊Поучени од минатото, стремиме кон иднината🕊

Денес ја реализиравме приредбата и достоинствено го одбележавме празникот на нашето училиште.

Имавме многу гости: членови на семејството на нашиот Патрон, претставници на Општина Аеродром, ученици, наставници и возбудени родители✨️

📌 Директорот на училиштето,

Фоника Станоева ја отвори свеченоста, се заблагодари за присуството и ги поздрави гостите, а ние сите заеднички им честитаме на учесниците и менторите за успешната реализација

💐Кратка одломка од рециталот на песната “Цветови” од Славко Јаневски во изведба на членовите на Драмската секција, под менторство на наставничката Менка Стојановска, проследен од хорот и вокалните солисти под водство на наставничката Жанета Дивјакоска Донева и песната “Ми заплакало селото Ваташа” 🕊

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com