24.05.2023

🖋 Денес го славиме Денот на словенските просветители и учители, Денот на браќата Кирил и Методиј. Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи 📚

📜 „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ – Константин Филозоф (Св. Кирил) 📖

🧑‍🎓👩‍🎓 Нашите ученици во текот на вчерашниот ден изработија пригодни паноа исполнети со многу важни информации и пораки за животот и делото на просветителите❣

🍀 Нека ни е честит и вековит 24 Мај, Денот на сесловенските просветители – Денот на Светите браќа Кирил и Методиј! 🕊

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com