03.05.2023

👉Учениците од четврто одделение, заедно со своите наставнички, наставниот ден го реализираа во центарот на Скопје и тоа не со една, туку со две поставени цели 🎯

📌 Додека едната група ученици, од 4¹ и 4³ одделение ја реализираа својата прва цел – Македонската филхармонија, за учениците од 4² и 4⁵ одделение прва цел беше црквата Св.Спас 📜📚

➡️ Во Македонската филхармонија учениците имаа работилница со цел да се запознаат со специфичноста и карактерноста на лимените дувачки инструменти, кои и припаѓаат на оркестарската група “Фамилија металковци” 🎷🎺

➡️ По повод 4ти мај – денот кога загинал еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ – Гоце Делчев, учениците ја посетија црквата Св.Спас, каде се наоѓа гробот на македонскиот великан и спомен собата која е изградена во негова чест – за секој од нас да се запознае со неговиот живот и дело, но и да се запознаеме, како нашите ученици, со историјата и позначајните личности и настани од минатото 🇲🇰

о.о.у Љубен Лапе

Општина Аеродром, населба Јане Сандански

Контакт

улица “Васко Караѓелевски” бр.2, 1000 Скопје

02 / 24-50-220

@yahoo.com